Melody of Memories – Внатрешно уредување на стан во објект MELODY

Индустрискиот стил во уредување е меѓу актуелните трендови. Доколку ви се допаѓа оваа естетика, погледнете наш предлог за тоа како можете да го уредите просторот.

Мазни површини во комбинација со црвена цигла – впечатливост на прв поглед. Циглите даваат топлина во домот и одлично се вклопуваат со металните елементи како полици, лустери, необични ламби, високи шанк столчиња и слично.

За да се постигне чувството и изгледот на индустриски уреден простор, најчесто се користат неутрални нијанси – сивата, земјени нијанси и природни тонови, што е случај и во нашиот пример, бидејќи му даваат визуелно поголема широчина на просторот.

Секако, видливоста на цевките од парно или ламбите во таа форма е задржана за што поголема автентичност на овој стил на уредување. Светлината на просторот е максимално истакната и задржана, со што ќе добиете совршена комбинација за еден неконвенционален простор.

Запознајте го Melody of Memories – 51m2

Melody of Memories
Melody of Memories
Melody of Memories
Melody of Memories
Melody of Memories
Melody of Memories
Melody of Memories

За подетални информации во врска со овој стан