Melody of Pleasure – Внатрешно уредување на стан во објект MELODY

Со цел да се постигне безвременски, а сепак атрактивен простор со eстетика која ќе одговори и на новите трендови, но и класичноста, искористена е палетата на сиви тонови. Тие се искомбинирани со елементи во земјени нијанси што придонесуваат за топлина во домот.

Со комбинација на материјали со различна текстура, како што се ѕидови, тапети или пак плочки, практични елементи и модни детали, просторот изгледа модерно и елегантно.

Во дневната соба, со цел впечатлив и полуксузен изглед се искомбинирани елементи во сиви нијанси во комбинација со бели завеси, но потемни драперии. Дневната и кујната се поврзани и просторно и тематски, правејќи ги комплементарни, а сепак посебни и внимателно уредени единици.

Во спалната соба се користени потопли бои, а поставените елементи како што се длабоките плакари или пак полиците, нудат практичност и функционалност.

Запознајте го Melody of Pleasure – 89m2

Melody of Pleasure
Melody of Pleasure
Melody of Pleasure
Melody of Pleasure
Melody of Pleasure
Melody of Pleasure

За подетални информации во врска со овој стан