Melody of Time – Внатрешно уредување на стан во објект MELODY

Со цел да се постигне безвременски, а сепак атрактивен и топол простор со естетика која ќе одговори и на новите трендови, искористена е палетата на беж и пастелни тонови. Исто така, направена е комбинација на материјали со различна текстура, како што се плочки, дрвени ѕидни елементи, па дури и мермер, што го прават просторот динамичен и интересен.

Во дневната соба, со цел впечатлив и полуксузен изглед се комбинирани токму такви елементи на дрво и мермер, во комбинација со бели завеси, но беж драперии. Дневната и кујната се поврзани и просторно и тематски, правејќи ги комплементарни, а сепак посебни и внимателно уредени.

Кујната е во пастелна минт нијанса, па изгледа истовремено и нежно и впечатливо.

Во спалната соба се користени бела и беж, задржана е истата естетика, но постелнината е во потемни нијанси, што е одличен контраст. За доза на луксуз и елеганција, вметнати се светилки и масички со метален сјај.

Запознајте го Melody of Time – 51,00m2

Melody of Time
Melody of Time
Melody of Time

За подетални информации во врска со овој стан