Joy
Овој стан ја негира едноставноста, редот и рационалноста, а белата и црната боја се премногу неутрални за него, бидејќи во него надвладуваат јаките бои. Пурпурна боја е создадена за несекојдневни и иновативни простори. Акцентот не е ставен на мебелот, туку на формите и деталите. Овој постмодернистички стан од 43m2 е создаден за уживање.