Во урбаниот развој на Скопје, вистинската вредност сè почесто не се мери само во квадратни метри, туку во позиција, потенцијал и сигурност. Токму затоа ELENA LUKA HOME го отвора своето сопствено портфолио на недвижности преку ELENA LUKA HOME Берза на недвижности – платформа создадена за инвеститори, компании и клиенти кои бараат имот со јасна сопственост, конкретна намена и долгорочна вредност.
Берзата на недвижности не е класична понуда и не функционира како посреднички модел. Таа претставува селекција на имоти што ги поседува компанијата. Деловни простори, развојни локации, комерцијални капацитети и станбени единици, достапни за продажба директно од сопственикот.
Ова е важна предност за секој сериозен купувач или инвеститор: директна комуникација, транспарентни услови, позната сопственост и можност за разговор со компанијата што стои зад имотот.
Во време кога квалитетните локации стануваат сè поретки, ELENA LUKA HOME Берза на недвижности ги издвојува просторите што имаат реална употребна вредност денес, но и потенцијал за развој утре.
222м² деловен простор на бул. Борис Трајковски – видливост, висина и позиција што работи за бизнисот

Еден од најрепрезентативните имоти во портфолиото е деловниот простор од 222м² во FUTURA 2, позициониран директно на булевар Борис Трајковски, во Кисела Вода.
Станува збор за веднаш вселлив деловен простор што излегува на булевар, со силна фасадна видливост, голем стаклен излог и позиција што овозможува брендот да биде забележан уште од првиот контакт. Дополнителна предност е поврзаноста и кон внатрешниот уреден двор на комплексот, што му дава функционалност и од надворешната, и од внатрешната страна на објектот.
Со висина од 5.80 метри, просторот нуди можност за впечатлив ентериер, галериско решение / дополнителна катност според проектните можности и целосно прилагодување според потребите на купувачот. Може да функционира како една голема целина, но постои и можност за делба на две функционални единици од 100м² и 122м², според бизнис потребите, концептот и намената на идниот сопственик.
Идеален е за showroom, продажен салон, игротека, маркет, аптека, клиника, ординација, канцеларии, студио или премиум услужна дејност.
FUTURA 2 се наоѓа во дел од Кисела Вода што бележи голема развиеност и интензивен раст. Само во рамки на комплексот се предвидени 1000 станови и повеќе од 3000 жители, а целата околина значително се развива со нови станбени и деловни содржини. Тоа значи голема фреквенција на возила, зголемен пешачки сообраќај и секојдневен проток на луѓе – фактори што се клучни за секој бизнис кој сака да биде видлив, да скалира и да остварува реален деловен потенцијал.
Две градежни парцели во Момин Поток / Криви Дол – ексклузивни градежни парцели со готов проект за градба

Во недвижностите, најголемата предност е да ја препознаете вредноста на локацијата и што тоа значи за вашиот бизнис.
Токму таква можност претставуваат двете градежни парцели во Криви Дол кои ELENA LUKA HOME, преку својата Берза на недвижности, ексклузивно ги претставува како инвестициска можност со јасни параметри, подготвена основа и можност за купување со готов проект за градба.
Ова се парцели со јасно дефинирани параметри, силна развојна логика и можност да се купат со готов проект за градба, што претставува голема предност за инвеститор кој сака побрз старт и појасна реализација.
Првата градежна парцела располага со површина од 1.783м², основа од 1.214м² и Бруто Развиена Површина од 4.856м².
Предвидена е катност Приземје + 3 ката со можност за развој на комбинирана намена: Г4 – складишта, Б4 – хотел и Б1/Б2 – комерцијални содржини.
Тоа отвора простор за проект што може да комбинира деловна, услужна, хотелска и комерцијална функција – според потребите на инвеститорот.
Втората градежна парцела располага со површина на парцела од 1.270м², основа од 520м² и Бруто Развиена Површина од 3.510м².
Предвидена е катност Приземје+5 ката + Поткровје, со намена за Б2 – комерцијални содржини и А2 – домување во станбени згради.

Оваа парцела нуди можност за комбиниран проект со деловен и станбен карактер, со приближно 2.800м² нето површина и потенцијал за околу 28 станбени единици, заедно со комерцијални содржини што ја зголемуваат употребната и пазарната вредност на проектот.
Криви Дол е дел од градот што сè повеќе добива на значење.
Локацијата има одлична поврзаност со градот, пристап до важни сообраќајни правци и се наоѓа во зона што постепено се трансформира во активна деловна точка.
Раздвиженоста во околината, близината до постоечки капацитети и развојот на нови содржини создаваат силна основа за инвестиција што не се гледа само како денешна можност, туку како позиција со иднина.
Ова не се парцели што нудат само квадратура.
Ова се парцели што нудат искористеност.
Јасна намена.
Готова урбанистичка рамка.
И можност проектот да се постави таму каде што градот се движи напред.
317м² сутеренски деловен простор во Business Homes – функционален простор со 94м² пацио

Портфолиото вклучува и сутеренски деловен простор од 317м², позициониран во срцето на Аеродром, во рамки на Business Homes – препознатлив комплекс на компанијата.
Станува збор за функционален простор со голема површина, одлична поставеност и можност за адаптација според конкретниот бизнис концепт. Дополнителна вредност на имотот е пациото од 94м², кое отвора можност за надворешна зона, lounge дел, кафе концепт или дополнителен простор за корисниците. Во комбинација со големите излози, просторот добива поголема отвореност, видливост и поврзаност со околината.
Овој деловен простор е погоден за lounge простор, кафе концепт, фитнес центар, пилатес или јога студио, wellness концепт, студио за танц, едукативен центар, салон или друга услужна дејност што бара поголема површина и организирана внатрешна структура.
Со 317м² внатрешен простор и 94м² пацио, имотот овозможува јасно зонирање: приемен дел, главна работна зона, простор за корисници, гардероби, санитарни јазли, остава, тоалети, кафе/бар зона или дополнителни содржини според потребите на идниот сопственик или закупец.
Просторот е веќе опремен со вентилациски систем, санитарни јазли, остава, тоалети и алармни системи, што претставува значајна предност за побрзо доопремување, адаптација и старт на работа.
814м² деловен простор во Business Homes – имот за вредна инвестиција

Во населба Аеродром, локацијата сама по себе носи вредност. Но кога на таа локација имате деловен простор од 814м², во препознатлив комплекс, со можност за активен закупец – тогаш не зборуваме само за недвижност. Зборуваме за инвестиција што може веднаш да започне да создава приход.
ELENA LUKA HOME, преку својата Берза на недвижности, го претставува деловниот простор од 814м², позициониран во срцето на Аеродром, во рамки на Business Homes.
Станува збор за голем, функционален деловен простор со сериозна површина, одлична поставеност и можност за повеќе деловни сценарија. Погоден е за маркет, showroom, продажен центар, деловен центар, приватна институција, едукативен центар, здравствена или услужна дејност, како и за бизнис концепт што бара голема квадратура, добра организација и силна локација.
Најголемата вредност на овој простор е неговиот инвестициски потенцијал. Постои можност за купување на имотот со активен закупец и одличен договор, што го прави исклучително атрактивен за инвеститори кои бараат пасивен приход, стабилен месечен прилив и побрз поврат на инвестицијата.
Тоа значи дека просторот не мора да чека за да почне да носи вредност. Тој веќе работи за сопственикот.
Деловен простор во центарот на Скопје – централна адреса со стабилна вредност

Во понудата е и деловниот простор на улица Апостол Гусларот, во непосредна близина на ОУ Песталоци – централна адреса што носи урбана стабилност, препознатливост и долгорочна деловна вредност.
Просторот е погоден за компании, канцеларии, ординации, консултантски дејности, приватни практики, агенции или услужни дејности што бараат функционална и репрезентативна локација во градското јадро.
Песталоци е избор за оние што не бараат само квадратура, туку позиција. Во недвижностите, токму таквите адреси ја задржуваат вредноста, ја олеснуваат деловната достапност и создаваат доверба кај клиентите.
Станови во репрезентативните објекти на ELENA LUKA HOME

Покрај деловните простори и развојните парцели, ELENA LUKA HOME го отвора и делот од портфолиото наменет за домување. Веднаш вселиви станови во репрезентативните објекти на компанијата во Kisela Voda и Zelezara.
Станува збор за станбени единици во објекти што го носат препознатливиот печат на ELENA LUKA HOME: современа архитектура, функционални распореди, внимателно планирани квадратури, квалитетна изведба, централно парно греење и локации што овозможуваат лесна поврзаност со градот.
Во FUTURA 2, на булевар Борис Трајковски во Кисела Вода, достапни се 7 веднаш вселиви станови со различни квадратури и катности:
- 54м² двособен стан на кат 3,
- 55м² двособен стан на кат 1,
- 55м² двособен стан на кат 3,
- 58м² двособен стан на поткровје,
- 67м² трособен стан на кат 7,
- 69м² трособен стан на кат 3 и
- 81м² трособен стан на поткровје.Овие станови се погодни за нов дом, прва недвижност или инвестиција што веднаш може да почне да носи вредност.
Во објектот MELODY, позициониран на ул. Коце Металец во Железара, достапни се 3 веднаш вселиви станови:
- 45м² двособен стан на кат 5,
- 50м² двособен стан на кат 5 и
- 50м² двособен стан на кат 6.
Становите се дел од современ објект создаден за практично и удобно урбано живеење, со функционални распореди, одлична искористеност на просторот и мирна локација со добра поврзаност.
Ова се станови што не се купуваат само како квадратура.
Ова се готови домови во завршени објекти, на локации со вредност, подготвени веднаш да станат нова адреса за живеење или за сигурна инвестиција.
СЕКОГАШ Е СЛОБОДНО КОГА Е ТВОЕ
Во урбани населби каде секојдневното паркирање станува сè поголем предизвик, сопственото паркинг место веќе не е само удобност.
Тоа е сигурност.
Практичност.
И вредност што се чувствува секој ден.
Во рамки на своето портфолио, ELENA LUKA HOME нуди и слободни паркинг места во репрезентативните објекти на компанијата, позиционирани на минусните нивоа, со организиран пристап и функционална поставеност.
Достапни се паркинг места во објектите Living Large и Business Homes на ул. Фрањо Клуз во Аеродром, како и во објектот MELODY на ул. Коце Металец во Железара.
Станува збор за практично решение за станари, сопственици на деловни простори, компании и купувачи кои сакаат сигурно место за своето возило во населби со висока урбана фреквенција.
Паркинг местото е мал детал што секојдневно прави голема разлика.
Без барање место.
Без губење време.
Без неизвесност.
Секогаш е слободно кога е твое.
Простор што го ослободува домот
Покрај становите, деловните простори и паркинг местата, Берзата на недвижности на ELENA LUKA HOME во рамки на своето портфолио нуди и слободни подрумски простории / визби во репрезентативните објекти на компанијата.
Во современото живеење, домот треба да биде чист, функционален и организиран. Затоа дополнителниот простор не е само практичен додаток, тој е решение што го олеснува секојдневието.
Достапни се подрумски простории во објектите Living Large и Business Homes на ул. Фрањо Клуз бр. 6 во Аеродром, како и во објектот MELODY на ул. Коче Металец во Железара.
Овие простории се идеални за складирање на сезонски работи, велосипеди, спортска опрема, алат, куфери, детска опрема, архиви или предмети што не треба секојдневно да зафаќаат простор во домот.
Станува збор за практично решение за станари, сопственици на станови и деловни простори, но и за купувачи што сакаат дополнителна вредност и подобра организација во рамки на самиот објект.
Подрумската просторија е мал простор што носи голема разлика.
Повеќе ред во домот.
Повеќе слобода во секојдневието.
Повеќе функционалност таму каде што навистина е потребна.
Кога сè има свое место, домот станува полесен за живеење.

Портфолио од сопственик, со јасна вредност и директна комуникација
Со ELENA LUKA HOME Берза на недвижности, компанијата поставува поинаков пристап во презентирањето на недвижности. Наместо расфрлана понуда и непознати услови, платформата нуди сопствено портфолио, директна комуникација и јасен увид во секој имот.
За инвеститорите, тоа значи сигурност. За компаниите, тоа значи побрза одлука. За купувачите, тоа значи доверба.
Не станува збор за најголем број имоти. Станува збор за вистински имоти – имот што може да биде нова деловна адреса, основа за раст или следна инвестиција.
Повеќе информации за достапните недвижности преку ELENA LUKA HOME Берза на недвижности:
(+389) 70 290 200
МОЈАТА НОВА АДРЕСА – ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ