БРУТО
КВАДРАТУРА
22.472м²
Со гордост ви го претставуваме FUTURA 3-4, најновиот и финалниот станбено-деловен проект со кој се заокружува врвниот архитектонски концепт на премиум станбено-деловниот комплекс FUTURA. Дизајниран да ги исполни највисоките стандарди на модерното домување и деловно функционирање, FUTURA 3-4 претставува синтеза на иновација, естетика, квалитет и функционалност.
Со реализацијата на FUTURA 3-4, комплексот FUTURA станува целосно заокружена целина – репрезент на врвен урбан дизајн, софистицираност и квалитет.
Со вкупна површина од 22.472m², концептот на FUTURA 3-4 вклучува 208 станбени единици и 1.323m² деловен простор.
Позициониран на булевар „Борис Трајковски“, во срцето на Општина Кисела Вода, FUTURA Complex нуди извонредна локација, само неколку минути од центарот на градот, опкружен со сите неопходни социјални и инфраструктурни содржини.
Секоја од 208-те станбени единици во FUTURA 3-4 е внимателно проектирана за да обезбеди максимална искористеност на просторот, комфор и естетска хармонија. Со квадратури од 23m² до 96m², становите се достапни во широк спектар на димензии и распоредни решенија, идеални за различни стилови на ентериерно уредување.
Во FUTURA 3-4, секој стан е дизајниран со фокус на тоа да се обезбеди голема количина на природна светлина, оптимален распоред на просторот, а имплементирани се висококвалитетни материјали. Завршните обработки и деталите се внимателно одбрани за да создадат елегантен, модерен и топол амбиент, кој овозможува ексклузивно домување.
За оние кои бараат деловен простор што ќе одговара на нивните професионални потреби, FUTURA 3-4 нуди 1.323m² модерен и адаптибилен деловен простор, поделен во две деловни единици:
Деловна единица 1: 325m²
Деловна единица 2: 998m² (со можност за поделба и реорганизација според потребите)
Со пространи излози, современа фасада и стратешка локација на фрекфентен булевар, деловните единици во FUTURA 3-4 обезбедуваат одлична видливост и достапност, правејќи ги идеални за различни видови комерцијални и услужни дејности.
Како и останатите објекти во FUTURA Complex, и FUTURA 3-4 се карактеризира со врвен квалитет на градба и најсовремени материјали. Вградени се сертифицирани градежни материјали од европско производство, кои гарантираат долготрајност, безбедност и енергетска ефикасност.
✔ Современ и иновативен дизајн ✔ Висока енергетска ефикасност ✔ Термо-звучна фасада со ексклузивен дизајн ✔ Премиум градежни материјали од европско производство ✔ Санитарни елементи од шпански и германски реномирани производители ✔ Прозорци од германско производство со високи изолациски својства ✔ Современи патнички и товарни лифтови со високи безбедносни стандарди
За удобноста на станарите и деловните корисници, во FUTURA 3-4 се предвидени 178 паркинг места, што обезбедува практично и организирано паркирање во рамки на комплексот.
Со својата уникатност и функционалност, FUTURA 3-4 претставува симбол на современата архитектура, заокружувајќи ја визијата за премиум домување и врвен деловен простор во рамки на ексклузивниот комплекс FUTURA.
Персонализиран животен стил создаден според највисоките светски стандарди. Дали сте подготвени да бидете дел од иднината на најсовременото домување?
БРУТО
КВАДРАТУРА
22.472м²
СТАНБЕНИ
ЕДИНИЦИ
208
КВАДРАТУРИ
23м² ДО 96м²
СТАТУС
ВО ИЗГРАДБА
ДЕЛОВЕН
ОБЈЕКТ
1323м²
Модерен и иновативен дизајн и функционален распоред
Висока енергетска ефикасност
Премиум сертифицирани градежни материјали од европско производство
Атрактивен деловен простор од 949м2
бул. "Борис Трајковски", општина Кисела Вода (на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје)
Станбени единици со голем избор на квадратури од 35м2 до 88м2