Во потрага сте по квалитетни станови и професионални градежни услуги?
За нас
Приказната за Elena Luka Home започна како резултат на потребата од уникатни градби, да се подобри визуелната естетика и квалитет на градбите како и на клиентите да им се понуди поинаква визија за нивното домување и да им се отворат богати можности за изборот на нивниот дом, неговиот квалитет, дизајн, архитектонско решение и ентериерот до најмали финеси.
Нашите активности се базирани на принципот клуч на рака. Преку постојано инвестирање во опремата и персоналот, можеме да одговориме на секое барање на пазарот, започнувајќи уште од процесот на проектирање, изградба па до целосно опремување на просторот.
„Премногу ми се допадна локацијата, мирно место а сепак е близу до градот. Избрав стан на 7ми кат токму затоа за да најдам мир и спокој за нови успеси. Многу благодарност до целиот тим на Елена Лука Хоум, на креативноста, успешноста и брзината во роковите.“
Станар Оливера
,
„Пред се затоа што имав многу голема доверба во компанијата Елена Лука Хоум и искуствено од сите пријатели и колеги и од претходни податоци, позитивни коментари како и консултации кои ги добивавме. Довербата од сите претходни клиенти беше на највисоко ниво и затоа се одлучив за Вашата компанија и за Футура а и локацијата, местоположбата, навистина се е супер.“
Станар Гоце
,
„Зошто се одлучивте за стан во Футура?
Пред се затоа што Елена Лука Хоум е компанија која долги години успешно фунционира на пазарот.
Добив многу препораки од пријатели и соработници, а добриот збор секако е најзначаен за мене.
Најмногу ми се допадна комуникацијата, за мене многу е важно што тимот на ЕЛ Хоум беше тука да ми одговори на сите прашања, тоа е најважно за мене како клиент.
Тоа што има прецизно дадени станови. Квадратурите се совршени и распоредот е одличен.
Исклучително квалитетна градба, брзи и експедитивни, комуникативни…единствено само пофални зборови имам.“
Станар Маја
,
„Тимот е постојано достапен за секаква информација и подготвен да ги слушне вашите желби. Становите се квалитетни, со прекрасен поглед кон градот и во нив се чувствувате одлично. Токму затоа ги препорачувам Elena Luka Home!“
Ирена
,
„Ми се допадна квалитетот на градба и одличниот распоредот на соби во квадратурата која ја избравме. Имаме неколку пријатели кои веќе живеат во станови на Elena Luka Home и се презадоволни, а сега имаме можност и лично да се увериме.“
Слободан
,
„Користењето квалитетни материјали, одличната изолација и привлечната локација беа главните фактори кои влијаеа на мојот избор. Привилегија е да се живее во зграда направена од Elena Luka Home.“
Славе
,
„Имам само пофални зборови за Elena Luka Home. Она што беше ветено на почетокот, во целост беше реализирано на самиот крај. Топло ги препорачувам на сите кои сакаат да купат нов стан.“
Данче
,
„Бев презадоволен од начинот на работа, соработката со тимот и пред сè од квалитетот на градба. На сите што се во потрага по нов дом би им препорачал да ја изберат Elena Luka Home!“
Александар
,
„Кога ја видов фасадата знаев дека тоа ќе биде домот за моето семејство. Како се привршуваа работите се повеќе пријатно се изненадував. Идеална температура преку целата година поради поставеноста на објектот. Вентилирање на секој 7 минути на целиот објект. Нема непријатни мисири во влезот. Штедам енергија поради добрата изолација. Треба ли повеќе да зборувам… :)“
Тони
,
„Максимално искористен простор. Бидејќи сум на приземје уживам во погледот кон зеленилото, одлично партерно уредување. За моите внучиња ќе биде идеална средина за играње, градинка и училиште. Едноставно се е добро смислено, блиску ни е сѐ.“