Нашиот тим

Meet our brilliant minds
Елена Пандева
Елена Пандева
Сопственик и генерален менаџер

Успешно ја поврзав модата и градежништвото давајќи и една топла и женска страна на архитектурата како машка професија низ историјата. Среќна сум што имам тим кој се бори за оваа моја идеја и како такви цврсто се позициониравме на пазарот.

Milka Petrevska
Милка Петревска
Управител

Постојано настојувам да има промоции за секогаш да ги изненадуваме клиентите. Потполната документација при правењето на договори со клиенти навистина е реткост на пазарот. Целата градежна документација им е секогаш достапна на клиентите. Нашите станари знаат што купуваат, тоа е единствениот начин за сигурен избор.

Небојша Антиќ
Небојша Антиќ
Маркетинг менаџер

Во моментот кога успеав во кариерата и се заситив од окружувањето во кое се наоѓав, се појави можност и предизвик во смисла на работна позиција во Elena Luka Home. Новото окружување кое беше исполнето со амбициозни и ентузијастични млади луѓе со поинаков пристап кон креативниот концепт ми изгледаше како полн погодок во кариерата. Како креативец и маркетер со големо искуство ја добив и титулата креативен и маркетинг директор во компанијата.

Jordan Tasevski
Јордан Тасевски
Архитект

Од првиот до последниот стан во секој наш објект, секој посебен, секој свој, идеално подготвен за секаков тип на клиенти и квадратури. Мора да постои голем избор од предложени решенија за уредување на просторот. Така знам дека секогаш нивниот краен избор е Elena Luka Home.

Stefan Stankovski
Стефан Станковски
Архитект

Разработката на деталите знае да одземе многу време, доста непроспиени часови. Таква е нашата професија, но тоа е навистина занемарливо кога ќе ги изброите насмевките на вселените семејства, а навистина ги има многу во Elena Luka Home.

Krste Gagovski
Крсте Гаговски
Архитект

Како архитект на терен секојдневно подготвувам детални цртежи, ја координирам работата на изведувачите и вршам проверки за напредокот на фазите на градење. Брзо и квалитетно се справувам со проблемите што се појавуваат во текот на изградбата. Освен тоа, одржувам редовни средби со клиентите и изведувачите заради подобрување на квалитетот на градбата.

ФИЛИП СТАНТИЧ
Комерцијалист

Посетувам многу саеми со мојот тим. Бираме исклучиво нови, еко и првокласни материјали од повеќе европски земји. Ние знаеме од колкаво значење се сите детали за станарите, а ги има многу верувајте.

vladimir-gjorgievski
ВЛАДИМИР ЃОРГИЕВСКИ
Правник

Како правник во Elena Luka Home изготвувам правни акти на ниво на компанијата согласно дејноста (одлуки, потврди, решенија, правилници, договори, спогодби), изготвувам, прибавувам и доставувам соодветна документација согласно законските одредби.

Dragana Pleshkova
ДРАГАНА ПЛЕШКОВА
Правник

Како правник во Elena Luka Home ги подготвувам договорите за вработување, одлуките, решенијата, спогодбите и сите други акти коишто произлегуваат од одредбите на Законот за работни односи. Посредувам и склучувам договори и други правни дела со деловни соработници и физички лица согласно со дејноста на компанијата, преземам соодветни законски дејства во име и за сметка на компанијата.

Мarija Кostova
МАРИЈА КОСТОВА
Асистент за финансии

Обезбедувам административна поддршка на секторот за финансии, ги заведувам сите финансиски трансакции за ефикасно сметководство, подготвувам излезни фактури и ја следам наплата и побарувањето кон клиентите.

Frosina Lazarova
ФРОСИНА ЛАЗАРОВА
Брокер

Барањето на совршен дом не е воопшто едноставно. Тоа што сум комуникативна и ненаметлива во односот со клиентите, а истовремено сигурна и доверлива, се клучни особини за мојата успешност како агент за недвижности.

Vlado Krstevski
ВЛАДО КРСТЕВСКИ
Фотограф

Фотографите се личности кои со својата работа, со фотографирање, ги чуваат моментите од заборав. Elena Luka Home со своите градби исто така ги зачувува сите важни моменти во животот кои се случуваат во еден дом и семејство.

Dzeneta Neziri
ЏЕНЕТА НЕЗИРИ
Графички дизајнер

Заедно со креативниот тим на Elena Luka Home работам на концептуализација, дизајн и развој на креативна содржина за сите маркетинг иницијативи и создавање на силно визуелно присуство на сите платформи.

Naum Sekulovski
НАУМ СЕКУЛОВСКИ
Графички дизајнер

Едноставно речено, графички дизајн е уметничко обликување на предметите за употреба. Параметрите на мојот дизајн се оние социјални, човечки, техничко-технолошки и организациски чинители кои го условуваат настанокот, развојот и напредокот на индустриското обликување. Тоа се параметрите на Elena Luka Home.

DSC_1426
ЕМИЛИЈА НИКОЛИЌ ДУКОВСКИ
Личен Асистент

Како личен асистент се грижам за координација на целиот тим, со цел навремено извршување на задачите.
Воедно, се грижам за професионално извршување на административните работи, на начин што се олеснува функционирањето на менаџерскиот тим.