Кои сме ние ?

приказната за
ELENA LUKA HOME
Квалитетно домување, според највисоките светски стандарди е основната мисија на ELENA LUKA HOME како реномирана градежна компанија. Со водечка идеја: на нашите клиенти да им понудиме богат избор и поинаква визија за нивниот дом, градиме објекти кои на нашите станари им овозможуваат безбедно, квалитетно, модерно, функционално и уникатно домување, комплетно прилагодено на нивните потреби. Со семејна традиција во градежниот бизнис речиси четири децении, Елена Пандева како сопственик и генерален директор на ELENA LUKA HOME во чекор со светските тенденции, успешно постави нови стандарди во градежништвото. Со тоа, ELENA LUKA HOME е компанија која остава траен позитивен импакт преку уникатниот и модерен архитектонски израз и бескомпромисниот квалитет во секој сегмент на своето функционирање. Дополнително, нашите проекти се издвојуваат и со својата автентична визуелна естетика, што го збогатува урбаниот пејсаж на градот со свој индивидуален печат. Со навремена и сигурна градба и имплементирање на најквалитетни градежни материјали и естетски најпрефинето финиширање, ELENA LUKA HOME е есенцијата на сечиј дом од соништата.