FUTURA 2 - Elena Luka Home

FUTURA 2

За време и свет кој никогаш не стои мирно. Промената е клучниот фактор во животот. Велат дека оние кои гледаат само во минатото и сегашноста ќе ја пропуштат иднината.

ELENA LUKA HOME нема да го дозволи тоа и затоа Ве носи на едно поинакво патување.

Вашите соништа за денешницата ја создадоа ФУТУРА 2 – нов ексклузивен станбено-деловен објект.

Објектот ФУТУРА 2 дизајниран од нашите архитекти денес, може да живее уште 100 години и да ги раскажува и прераскажува приказните од минатото, а истовремено и да ја обликува иднината.

Кога ќе ја здогледате ФУТУРА 2 секако нема да останете рамнодушни. Објектот во целото свое здание со својата форма и фасада укажува на брзина, на динамичност, на движење. Истата таа динамичност ФУТУРА 2 ја има и во себе, провлекувајќи се во секој кат, во секој стан, во секоја соба.

Aвантуристичкото домување на ФУТУРА 2 е распоредено во 135 флексибилни станбени единици со квадратури од 35м2 до 88м2.

Динамичната организиција на внатрешниот план на ФУТУРА 2 наизменично се менува по нивоата во четири карактеристични ката и притоа се создаваат серија архитектонски фрази чија динамика директно се одсликува на надворешниот изглед на објектот.

Секоја станбена единица е внимателно проектиран посебен свет токму како што сите од нас се различни а поврзани со една мисла – патување кон иднината.

Становите воедно одговараат на сите традиционални потреби на едно семејство но одговараат и на современиот и модерен човек кој е подготвен да зачекори он својата иднина.

Актуелниот деловен простор од 939м2 на ФУТУРА 2 со својата нагласена височина и дизајн е ексклузивен и како таков е наменет за комерцијално-деловни содржини.
Тој е внимателно проектиран на тој начин што е осветлен и обогатен со конструкциски материјали кои се карактеристични за футурстички објект како ФУТУРА 2 и преку својата отвореност овозможува лесна комуникација со минувачите и главниот булевар преку своите големи стаклени површини кои дополнително овозможуваат проток на природната светлина и на тој начин го прават овој деловен простор магнетено привлечен за Вашите потенцијални клиенти, со тоа и Вашиот иден бизнис ќе има загарантиран успех.

Нашиот нов објект ФУТУРА 2 се наоѓа во Општина Кисела Вода, најголемата, најстарата и најразвиената македонска општина. Лоциран е на самиот булевар „Борис Трајковски“ на само 7 минути од центарот на градот.

Општината Кисела Вода изобилува со трговски објекти – Кисела Вода, Рампа, но и голем број на маркети како Веро, Тинекс, Рамстор, Кам, Стокомак и други.

Share: