Преглед

Модерен дизајн, кредибилитет, висококвалитетни градба и материјали, функционалност, урбан животен стил – FUTURA Complex е концепт кој ги обединува сите аспекти за квалитетно живеење.
  • Статус Во изградба
  • Површина 47.668м²
  • Локација Кисела Вода
  • Тип Станбено деловни
  • Станбени единици399
  • Квадратура на станбена единица23м²-96м²
  • Деловен простор2579м²
Дизајн

Модерен и иновативен дизајн и функционален распоред

Енергетска ефикасност

Висока енергетска ефикасност

Изолација

Термо звучна фасада

Одлична локација

На неколку минути пеш од центарот на Скопје

Апартмани

399 единици со голем избор на квадратури од 23м² до 96м²

Деловен простор

Атрактивен деловен простор од 2.579м²

Материјали

Премиум сертифицирани градежни материјали од европско производство

Безбедност

Конструктивни системи со висок степен на механичка стабилност, отпорност и сеизмичка заштита

Санитарија

Санитарни елементи од шпански и германски реномирани производители

Прозорци

Прозорци од германско производство со термо и звучна изолација

Лифт

Патнички и товарни лифтови според највисоки безбедносни стандарди

The future is here!

Модерен дизајн, кредибилитет, висококвалитетни градба и материјали, функционалност, урбан животен стил – FUTURA Complex е концепт кој ги обединува сите аспекти за квалитетно живеење.

Лоциран во општина Кисела Вода, на булевар Борис Трајковски, на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје, FUTURA Complex e сместен во опкружување со развиена социјална инфраструктура и со сите капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек.

Комплексот вклучува четири станбено-деловни објекти со вкупна површина од 47.668м2. FUTURA 1, FUTURA 2, FUTURA 3-4 имаат вкупно 399 станбени единици, со различна типологија и со квадратури од 23м²-96м² распределени на седум ката и поткровје, додека приземјето е резервирано за атрактивен деловен простор.

Futura 3-4

Премиум домување според светски стандарди

Со гордост ви го претставуваме FUTURA 3-4, најновиот и финалниот станбено-деловен проект со кој се заокружува врвниот архитектонски концепт на премиум станбено-деловниот комплекс FUTURA. Дизајниран да ги исполни највисоките стандарди на модерното домување и деловно функционирање, FUTURA 3-4 претставува синтеза на иновација, естетика, квалитет и функционалност.

Со реализацијата на FUTURA 3-4, комплексот FUTURA станува целосно заокружена целина – репрезент на врвен урбан дизајн, софистицираност и квалитет. 

Со вкупна површина од 22.472m² , концептот на FUTURA3-4 вклучува 208 станбени единици и 1.313m² деловен простор.

Позициониран на булевар „Борис Трајковски“, во срцето на Општина Кисела Вода, FUTURA Complex нуди извонредна локација, само неколку минути од центарот на градот, опкружен со сите неопходни социјални и инфраструктурни содржини.

Futura 2

Специфичен и уникатен од секој аспект, FUTURA 2 e вториот премиум станбено-деловен објект во концептот FUTURA Complex, кој се надоврзува на успешната приказна на добро познатиот објект FUTURA 1. Сигурност, кредибилитет, висококвалитетни градба и материјали, иновација, одлична локација – FUTURA 2 е иднина каква што сите посакуваме. 

Домувањето во FUTURA 2  на површина од 10.627м², вклучува 135 станбени единици со различна типологија и голем избор на квадратури од 35м² до 88м², сите со одличен и функционален распоред, проектирани со цел да ги задоволат и најпрефинетите вкусови и да одговорат на сите потреби на современиот човек.

Она што му е потребно на секој бизнис е совршен деловен простор којшто ќе одговори на сите негови потреби. FUTURA 2 го има иделното решение. Со својата одлична локација на самиот булевар Борис Трајковски, објектот нуди атрактивен деловен простор на вкупна површина од  949м² што може да се адаптираат според потребите на различни комерцијално-деловни содржини. Со вкупно 135 паркинг места распоредени на три минусни нивоа, секој станар има можност за обезбедено паркинг место.

Futura 1

Иновација. Прогрес. Позитивен импакт преку архитектурата.
FUTURA 1 е првиот станбено-деловен објект од ексклузивниот FUTURA Complex – проект кој го дефинира идниот урбан животен стил во Скопје. Дизајниран со визија за современо домување, овој објект претставува симбол на архитектонска иновација и животен концепт кој ги спојува индивидуалните потреби со заедничките вредности.

Ултра современото домување во FUTURA 1 е организирано во 56 компактни и флексибилни станбени единици, дизајнирани за движење, проток и функционалност. Просторот е распределен на 7 ката и поткровје, а приземјето е наменето за атрактивен деловен простор од 317м², идеален за модерни бизнис концепти.

Видео

Локација

Кисела Вода, Скопје

бул. Борис Трајковски

Оставете ни порака

Контактирајте нè


    Ги прифаќам правилата и условите за процесирање на лични податоци