MELODY
Elena Luka Home повторно изненадува со нова приказна, нова локација, нова композиција. Во Втората по ред најголема, индустриски најразвиена и најзелена општина во Македонија – Гази Баба создаваме нова оаза – станбено-деловен објект MELODY. Ги слушнавме Вашите желби, го слушнавме срцето на градот, ја слушнавме историјата и иднината, ги слушнавме сите трендови во градењето и ја компониравме за Вас.
Објектот се наоѓа на самиот влез на населбата Железара на улица Коце Металец со зелен појас од шуми и паркови од повеќе од еден милион метри квадратни во кој сите станари ќе уживаат.
MELODY претставува импозантна архитектура со совршено вклопени и хармонично распоредени фасадни линии, со најнови и најмодерни методи во градењето. Следејќи го светскиот тренд на домување, на MELODY ѝ даваме посебна нота естетика.
Компонирана од десетина типа на различни станови кои одговараат на современиот начин на живот, разиграни во 8 ката, со поткровје уредено со пентхауси и ексклузивен деловен простор кој ќе биде совршена дестинација за Вашиот бизнис.
MELODY е составена од двособни, трособни и четирисобни станбени единици со дури 15 различни квадратури распоредени на 8 ката почнувајќи од 45m2 до 89m2.
Elena Luka Home – Композитор на Вашите желби
Секој стан е проектиран и распореден да ги задоволи сите потреби на модерното живеење, било да се работи за големо или помало семејство. Исклучително внимание посветуваме на изборот на материјали кои ги имплементираме во нашите објекти, бидејќи квалитетот и задоволните клиенти се наша основна цел.
Модерната линија и одличната локација на објектот кој се наоѓа во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба, ви овозможува чист воздух, добро здравје и спокоен дом. Тоа е главната инспирација за нас да го создадеме MELODY. На само чекор од Вас – чиста и здрава околина, ваша шума, чист воздух и спокојна средина исполнета со флора и фауна.
Овој факт е од огромно значење за нас бидејќи се трудиме да создаваме градби во кои ќе живеете вие, вашите деца и внуци.
Зошто MELODY е толку важна за нас?
Затоа што ја поседува најголемата шума која ќе ја имате на користење во изобилство во контекст на прошетки и релаксација, живеејќи во најзелената општина во Скопје.
Парк-шумата Гази Баба има вкупна површина од 105 хектари, од кои 95 хектари се шума, а 10 се ливади со тревна површина.
- врзува 1.324 тони јаглероден диоксид;
- ослободува 971 тони кислород;
- филтрира 5.294 тони прашина;
- апсорбира 8.824 килограми сулфур диоксид од воздухот и исто толку јаглероден моноксид и азотни оксиди
Зошто MELODY е идеалното место и за вашиот бизнис?
Деловниот простор во приземниот простор на MELODY, како и целиот уникатен објект ја задржува единствената модерна архитектура.
На одлична локација – MELODY е сместена на главната улица во зелениот дел на Железара.
Наменет за разни типови бизниси – од банки преку маркети, до ресторани и кафулиња…
Привлечни квадратури – Располагаме со различни квадратури, совршено прилагодливи на вашата дејност, поделени во 4 единици кои може да се комбинираат согласно вашите потреби, а поделени во два типа:
- Тип 1 – 106m2 – две единици
- Тип 2 – 87m2 – две единици
Современ дизајн и пространост која ќе ви го овозможи потребниот комфор при работењето.
Големо количество природна светлина = визуелно уште попривлечен простор
Големи излози, со кои вашиот деловен простор станува уште поатрактивен и видлив.