БРУТО
КВАДРАТУРА
47.668м²
FUTURA е репрезент на највисоките стандарди во современата архитектура, креиран од ELENA LUKA HOME. Лоциран во Општина Кисела Вода, на булевар „Борис Трајковски“, комплексот се наоѓа на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје. Околината се карактеризира со развиена социјална инфраструктура и ги вклучува сите капацитети што одговараат на потребите на современиот човек.
Комплексот вклучува четири станбено-деловни објекти со вкупна површина од 47.668 м². Домувањето во FUTURA COMPLEX е распоредено во 399 станбени единици со различна типологија и квадратури од 23 м² до 96 м² распределени на седум ката и поткровје, додека приземјето е резервирано за атрактивен деловен простор. Современиот дизајн на секоја станбена единица е фокусиран на создавање удобни, функционални и прилагодливи простори според потребите на корисниците.
Становите се карактеризираат со висок степен на опременост и финализација со естетски избалансирани материјали. Вградени се висококвалитетни елементи од реномирани производители, што резултира со одлична звучна изолација, енергетска ефикасност и пријатна микроклима. Релаксирачкиот амбиент е дополнет со усогласени природни материјали, текстури и бои.
FUTURA Complex располага деловен простор со вкупна површина од 2.579 м², кој може да се реорганизира и подели според потребите на различни бизнис дејности. Секоја деловна единица е дизајнирана со ултра модерен стил и пространи излози, создавајќи впечатлив визуелен идентитет и привлекувајќи внимание на клиентите.
Станарите на FUTURA Complex ќе уживаат во сопствена зелена оаза – парк за рекреација и релаксација позициониран во средишното јадро на комплексот. Оваа пространа зелена оаза дополнително придонесува за хармоничен и опуштен животен стил.
FUTURA Complex е концепт кој ги обединува сите аспекти за квалитетно живеење: модерен дизајн, кредибилитет, висококвалитетни градби и материјали, функционалност и урбан животен стил.
✔ Модерен и иновативен дизајн со функционален распоред
✔ Висока енергетска ефикасност
✔ Термо-звучна фасада со ексклузивна естетика и дизајн кој се издвојува од опкружувањето
✔ Одлична локација – бул. „Борис Трајковски“, општина Кисела Вода (на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје)
БРУТО
КВАДРАТУРА
47.668м²
СТАНБЕНИ
ЕДИНИЦИ
399
КВАДРАТУРИ
23м² до 96м²
СТАТУС
ВО ИЗГРАДБА
ДЕЛОВЕН
ОБЈЕКТ
2579м²
Со гордост ви го претставуваме FUTURA 3-4, најновиот и финалниот станбено-деловен проект со кој се заокружува врвниот архитектонски концепт на премиум станбено-деловниот комплекс FUTURA. Дизајниран да ги исполни највисоките стандарди на модерното домување и деловно функционирање, FUTURA 3-4 претставува синтеза на иновација, естетика, квалитет и функционалност.
Модерен и иновативен дизајн и функционален распоред
Висока енергетска ефикасност
Премиум сертифицирани градежни материјали од европско производство
Атрактивен деловен простор од 2.579 м2
бул. "Борис Трајковски", општина Кисела Вода (на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје)
Станбени единици со голем избор на квадратури од 23м2 до 96м2
Со реализацијата на FUTURA 3-4, комплексот FUTURA станува целосно заокружена целина – репрезент на врвен урбан дизајн, софистицираност и квалитет.
Со вкупна површина од 22.472m², концептот на FUTURA 3-4 вклучува 208 станбени единици и 1.313m² деловен простор.
Позициониран на булевар „Борис Трајковски“, во срцето на Општина Кисела Вода, FUTURA Complex нуди извонредна локација, само неколку минути од центарот на градот, опкружен со сите неопходни социјални и инфраструктурни содржини.
Секоја од 208-те станбени единици во FUTURA 3-4 е внимателно проектирана за да обезбеди максимална искористеност на просторот, комфор и естетска хармонија. Со квадратури од 23m² до 96m², становите се достапни во широк спектар на димензии и распоредни решенија, идеални за различни стилови на ентериерно уредување.
Во FUTURA 3-4, секој стан е дизајниран со фокус на тоа да се обезбеди голема количина на природна светлина, оптимален распоред на просторот, а имплементирани се висококвалитетни материјали. Завршните обработки и деталите се внимателно одбрани за да создадат елегантен, модерен и топол амбиент, кој овозможува ексклузивно домување.
За оние кои бараат деловен простор што ќе одговара на нивните професионални потреби, FUTURA 3-4 нуди 1.313² модерен и адаптибилен деловен простор, поделен во две деловни единици:
Деловна единица 1: 324m²
Деловна единица 2: 989m² (со можност за поделба и реорганизација според потребите)
Со пространи излози, современа фасада и стратешка локација на фрекфентен булевар, деловните единици во FUTURA 3-4 обезбедуваат одлична видливост и достапност, правејќи ги идеални за различни видови комерцијални и услужни дејности.
Како и останатите објекти во FUTURA Complex, и FUTURA 3-4 се карактеризира со врвен квалитет на градба и најсовремени материјали. Вградени се сертифицирани градежни материјали од европско производство, кои гарантираат долготрајност, безбедност и енергетска ефикасност.
✔ Современ и иновативен дизајн ✔ Висока енергетска ефикасност ✔ Термо-звучна фасада со ексклузивен дизајн ✔ Премиум градежни материјали од европско производство ✔ Санитарни елементи од шпански и германски реномирани производители ✔ Прозорци од германско производство со високи изолациски својства ✔ Современи патнички и товарни лифтови со високи безбедносни стандарди
За удобноста на станарите и деловните корисници, во FUTURA 3-4 се предвидени 178 паркинг места, што обезбедува практично и организирано паркирање во рамки на комплексот.
Со својата уникатност и функционалност, FUTURA 3-4 претставува симбол на современата архитектура, заокружувајќи ја визијата за премиум домување и врвен деловен простор во рамки на ексклузивниот комплекс FUTURA.
Персонализиран животен стил создаден според највисоките светски стандарди. Дали сте подготвени да бидете дел од иднината на најсовременото домување?
БРУТО
КВАДРАТУРА
22.472м²
СТАНБЕНИ
ЕДИНИЦИ
208
КВАДРАТУРИ
23м² ДО 96м²
СТАТУС
ВО ИЗГРАДБА
ДЕЛОВЕН
ОБЈЕКТ
1313м²
Специфичен и уникатен од секој аспект, FUTURA 2 e вториот премиум станбено-деловен објект во концептот FUTURA Complex, кој се надоврзува на успешната приказна на добро познатиот објект FUTURA 1.
FUTURA 2 е иднина каква што сите посакуваме – совршен спој на сигурност, кредибилитет, иновација и одлична локација. Уникатната и необична фасада го издвојува објектот од своето опкружување, правејќи го архитектонски печат на градот.
Добро организираните станбени единици во FUTURA 2 изобилуваат со природна светлина и висок степен на опременост. Финализацијата со естетски избалансирани материјали и елементи создава идеална подлога за различни стилови на ентериерно уредување. Посебно внимание е посветено на заедничките простории – влезовите, холовите и коридорите – кои, благодарение на вградените висококвалитетни материјали со специфични текстури, создаваат пријатен амбиент.
FUTURA 2 е лоцирана во Општина Кисела Вода, на булевар „Борис Трајковски“, на само неколку минути пешачење од центарот на градот. Опкружена со развиена социјална инфраструктура, локацијата ги задоволува сите потреби на современиот човек.
Дизајнот на фасадата ја одразува динамичноста на внатрешноста на објектот, каде два различни карактеристични ката се повторуваат ритмично по целата вертикала. ELENA LUKA HOME секогаш внимава на уникатниот и автентичен дизајн, оставајќи свој незаменлив печат во современата архитектура.
FUTURA 2 се одликува со звучна изолација, енергетска ефикасност и пријатна микроклима. Вградените висококвалитетни материјали и елементи со високи перформанси од реномирани производители придонесуваат за релаксирачки амбиент, создаден преку усогласени природни материјали, текстури и бои.
Домувањето во FUTURA 2 се простира на површина од 10.627 м² и вклучува 135 станбени единици со квадратури од 35 м² до 88 м². Сите станови имаат функционален распоред, проектирани за да ги задоволат и најпрефинетите вкусови.
FUTURA 2 располага со атрактивен деловен простор со вкупна површина од 949 м², кој може да се адаптира според потребите на различни комерцијални и деловни содржини.
Со 135 паркинг места распоредени на три подземни нивоа, FUTURA 2 овозможува сигурно и организирано паркирање за сите станари.
БРУТО
КВАДРАТУРА
10.627м²
СТАНБЕНИ
ЕДИНИЦИ
135
КВАДРАТУРИ
35м² ДО 88м²
СТАТУС
ВО ИЗГРАДБА
ДЕЛОВЕН
ОБЈЕКТ
949м²
Иновација. Прогрес. Позитивен импакт преку архитектурата. Твојата визија за совршен дом. Релации, наследство и спомени. Иднината на домувањето каде човекот и заедницата се приоритет. THE FUTURE IS HERE. Добредојдовте во FUTURA, првиот станбено-деловен објект од ексклузивниот FUTURA Complex.
Домувањето во FUTURA е распоредено во 56 компактни и флексибилни станбени единици, карактеризирани со движење и проток, организирани на 7 ката и поткровје. Динамичната организација на внатрешниот план се менува по нивоата во два карактеристични ката, создавајќи серија архитектонски фрази чија динамика директно се отсликува во надворешниот изглед на објектот.
Вкупната бруто изградена станбена површина на FUTURA изнесува 3.914 м² (П+7+ПК). Програмската структура на делот за домување вклучува двособни, трособни и четирисобни станбени единици со квадратури од 37 м² до 83 м². Секоја станбена единица ги комбинира сите квалитети на современото домување: функционален распоред, максимално искористен простор, одржливост, енергетска ефикасност, модерен дизајн и имплементација на висококвалитетни материјали.
Становите во FUTURA одговараат на традиционалните потреби на едно семејство, но исто така се прилагодени на современиот и модерен начин на живот. Ова е место каде што ќе ја создавате вашата иднина, со можност за откривање на нови светови.
Деловниот простор во FUTURA е со површина од 317 м², нагласена височина и футуристички дизајн, наменет за различни типови на комерцијално-деловни содржини. Овој простор е внимателно проектиран, осветлен и збогатен со конструкциски материјали кои се карактеристични за футуристички објекти. Големите стаклени површини овозможуваат проток на природна светлина и лесна комуникација со минувачите и главниот булевар, правејќи го привлечен за потенцијални клиенти и гарантирајќи успех за вашиот бизнис.
FUTURA се наоѓа во Општина Кисела Вода, најголемата, најстарата и најразвиената општина во Македонија. Објектот е лоциран на самиот булевар „Борис Трајковски“, на само 7 минути од центарот на градот. Околината е обележана со развиена социјална инфраструктура и свеж воздух благодарение на Јужниот ветар и Вардарецот.
The future is here! FUTURA е концепт кој ги исполнува сите очекувања за современ, урбан и одржлив животен стил.
БРУТО
КВАДРАТУРА
3914м²
СТАНБЕНИ
ЕДИНИЦИ
56
КВАДРАТУРИ
37м² ДО 83м²
СТАТУС
ВО ИЗГРАДБА
ДЕЛОВЕН
ОБЈЕКТ
317м²