CategoriesUncategorized

Многумина од нас наишле на терминот вoutique, но не сите знаеме што всушност значи овој вид на архитектура?

Boutique архитектурата е нов тренд кој се развива во светските метрополи- Лондон, Копенхаген, Милано, Дубаи, а сега полека влегува и кај нас.

Овој стил претставува архитектура во која сè е намерно, прецизно, рачно „кроено“, како haute couture во модата. Бутик архитектурата не се базира на масовност, ниту на квадратура или огромни комплекси.

Тоа вушност значи помали згради со уникатен дизајн и архитектонски потпис, високи стандарди на материјали, приватност, чувство на личен стил, а не на „станбен блок“. Тоа е архитектура со душа.

Што ја прави една зграда „boutique“?

Тоа е помала градба од бично 6–20 станови, чија што цел е интимност, мир, персонализирано, искуство и архитектонска оригиналност.

Секој boutique проект има дизајнерски момент како фасадна игра, вертикали квалитетно осветлување и јасен архитектонски потпис. Се одликува со материјали со висок квалитет како природен камен, дрво, метални акценти архитектонски стаклени панели и фасадни панели со текстура.

Boutique архитектурата никогаш не користи евтини решенија. Дефиниција за вoutique лоби е светло, чисто уредено, мирно со уметнички елементи и чувство како просторот да те пречекува со задоволство.

Секој простор е мудро искористен, односно нема мртви ходници, чудни агли и нефункционални простории. Станбениот објект треба да нуди „чувство“, не само дом, треба да биде синоним за удобност, смиреност, луксуз и чистота.

Зошто boutique архитектурата станува хит во светот?

Луѓето бегаат од масовно градење, а една од причините е што големите комплекси прават стрес, галама, хаос… Луксузот во денешно време стана приватност, не големина, а модерните купувачи сакаат квалитет, не квадратура.

Boutique проектите имаат поголема вредност на пазарот. Оваа архитектура нуди идентичност, а тоа е најскапоцено. Во градовите како Милано, Атина, Софија, boutique е синоним за ново, современо, убаво, елитно.

Boutique архитектура во Македонија — состојба и трендови

Македонија до скоро имаше тренд на огромни бетонски згради. Сепак последниве три години се појавува нова генерација инвеститори и архитекти кои воведуваат мали станбени објекти, минималистички фасади, комбинација дрво+камeн, уредени влезови, приватни зелени површини и функционални станови со хотелски момент.

Можеме да кажеме дека токму ова е почетокот на boutique архитектурата кај нас. Сè повеќе купувачи бараат мир стил, приватност, дизајн, квалитет на изведба и добра локација.

Продавачите веќе знаат дека луксузот е во деталите, мирот и архитектонскиот вкус, не во квадратурата.

Каков е клиентот на boutique архитектура?

Boutique купувач е зрела личност со вкус што бара квалитет, што сака уреден влез, мир, стил, човек кој се грижи за добра атмосфера. Тоа е клиент од „новата генерација“ човек со развиено чувство за естетика и животен стил.

Каде е ELENA LUKA HOME во оваа приказна?

Boutique архитектурата совршено се совпаѓа со визијата на ELENA LUKA HOME.

Тоа е мешавина од моден стил + архитектонска елеганција, внимателни детали, топли ентериери, градежен квалитет, современи фасади, концепт што личи на хотелско живеење.

  • Објект: DIVINE, Црниче (веднаш спроти главен влез на Црква Св Петка)

Во Македонија, бренд што се позиционира како Boutique Developer има огромна предност — станува препознатлив, доверлив и премиум.

Boutique архитектурата е иднината на урбаното живеење тивка, стилска, минималистичка и внимателно дизајнирана. Во свет каде сè е масовно, брзо и бучно boutique проектите нудат луксуз и уникатност.

Елена Лука
Автор: Елена Лука

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

💬
mk_MK