БОЈА НА ГОДИНАТА 2026: CLOUD DANCER
Нежност, светлина и архитектура на простор
Во 2026 година, Pantone Color Institute ја прогласи нијансата PANTONE 11-4201 „Cloud Dancer“ за боја на годината. Ова е и првата бела нијанса што ја добила оваа титула во историјата на изборот што се прави од 1999-та година.
Оваа воздушеста бела е избрана како симбол на смиреност, чистина и архитектонска јасност, при што не е ниту студено бела, ниту премногу топла туку прави рамнотежа што ја рефлектира светлината на едноставен и елегантен начин.