CategoriesUncategorized

Во светот на луксузниот ентериер, постојат бои кои не се дел од тренд, туку дел од карактер. Бургунди или бордо тоновите, коишто се длабоки и рафинирани, се симбол на страст, моќ, самодоверба и извонредност.

Тоа е боја што ја избираат визионерите, луѓето со став, архитектите и дизајнерите кои создаваат дом, а не само простор.

Бордо – емоција претворена во архитектура

Оваа зрела нијанса внесува чувство на топлина, длабочина и сигурност. Токму годинава што изминува бордо беше еден од водечките избори во луксузните ентериери во Европа, Дубаи, Монако и Женева.

Исто како couture фустан во бордо, и еден ѕид во оваа боја може да стане главниот печат во домот.

Како правилно да го внесеме бордото во ентериерот

За бордо нијансата да го достигне најдобро својот потенцијал можете да го направите следново:

  • Акцент ѕидови во дневни соби, трпезарии или лоби простории
  • Велвет мебел – фотелји, софи, headboard во спална
  • Мермер и темно дрво – комбинација за врвен луксуз
  • Метални детали: злато, бронза
  • Текстил – тешки завеси, перници, волуменски теписи

Кои се најдобри комбинации со бордо?

Бургунди или бордо најдобро се комбинира со крем (топол беж), мат злато, светло сива со металик ефект, нежна nude нијанса (совршено за зимски ентериери)

Улогата на светлината

Светлината игра голема улога во истакнување на бордо нијансата. За да не стане „тежок“ ентериерот, пресудно е осветлувањето. Затоа користете LED линии во плафон (архитектонско), светлина позади или под мебел, стоечки ламби со топло-бело светло или амбиентално светло како во бутик-хотел.

Мали количини на бордо заедно со драматични светлосни акценти е тоа што ни треба за визуелно совршенство.

Што советуваат од ELENA LUKA HOME?

Во отворените дневни соби бордо може да има само на едно архитектонски позиционирано место, додека во спалните може да се нанесе зад креветот во комбинација со LED скриена светлина.

Што се однесува за во канцеларија, односно работниот простор може да дојдат во комбинација бордо панели со метал и стакло. Во коридори или ходници комбинирајте ја оваа нијанса со огледала за да се создаде ефект на просторност.

Ентериерот треба да биде како haute couture креација – совршено изработен, прецизен и со јасен став.

Инспирација од светски ентериери

Dior Private Salon, Paris – темно бордо/велвет + златни детали

Burj Khalifa Residences, Dubai – мат бордо + камен

Hotel Beau Rivage, Geneva – класика & модерно во бордо

Ralph Lauren Burgundy Club, NYC – идеален пример за машко-женски ентериер баланс

Кога да не се користи бордо?

Не секогаш оваа боја е решение за ентериерот. На пример не ја користете во мали простории без светлина и не уредувајте цели соби во бордо нијанса (предизвикува визуелна тежина).

Бургунди не треба да се употреби без материјал којшто би направил контраст и во ентериери каде стилот е минималистички.

Едноставно -бордо не се користи за да “декорираме”, се користи за да “позиционираме стил.”

Заклучок

Бургунди ентериерот не е само избор на боја – тоа е избор на животен стил. Го избираат луѓе кои сакаат архитектурата да говори за нивната сила, префинетост и автентичност.

Мојата нова адреса е во бургунди боја – ELENA LUKA HOME

Елена Лука
Автор: Елена Лука

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

💬
mk_MK