Во потрага сте по квалитетни станови и професионални градежни услуги?
За нас
Приказната за Elena Luka Home започна како резултат на потребата од уникатни градби, да се подобри визуелната естетика и квалитет на градбите како и на клиентите да им се понуди поинаква визија за нивното домување и да им се отворат богати можности за изборот на нивниот дом, неговиот квалитет, дизајн, архитектонско решение и ентериерот до најмали финеси.
Нашите активности се базирани на принципот клуч на рака. Преку постојано инвестирање во опремата и персоналот, можеме да одговориме на секое барање на пазарот, започнувајќи уште од процесот на проектирање, изградба па до целосно опремување на просторот.
„Тимот е постојано достапен за секаква информација и подготвен да ги слушне вашите желби. Становите се квалитетни, со прекрасен поглед кон градот и во нив се чувствувате одлично. Токму затоа ги препорачувам Elena Luka Home!“
Ирена
,
„Ми се допадна квалитетот на градба и одличниот распоредот на соби во квадратурата која ја избравме. Имаме неколку пријатели кои веќе живеат во станови на Elena Luka Home и се презадоволни, а сега имаме можност и лично да се увериме.“
Слободан
,
„Користењето квалитетни материјали, одличната изолација и привлечната локација беа главните фактори кои влијаеа на мојот избор. Привилегија е да се живее во зграда направена од Elena Luka Home.“
Славе
,
„Имам само пофални зборови за Elena Luka Home. Она што беше ветено на почетокот, во целост беше реализирано на самиот крај. Топло ги препорачувам на сите кои сакаат да купат нов стан.“
Данче
,
„Бев презадоволен од начинот на работа, соработката со тимот и пред сè од квалитетот на градба. На сите што се во потрага по нов дом би им препорачал да ја изберат Elena Luka Home!“
Александар
,
„Кога ја видов фасадата знаев дека тоа ќе биде домот за моето семејство. Како се привршуваа работите се повеќе пријатно се изненадував. Идеална температура преку целата година поради поставеноста на објектот. Вентилирање на секој 7 минути на целиот објект. Нема непријатни мисири во влезот. Штедам енергија поради добрата изолација. Треба ли повеќе да зборувам… :)“
Тони
,
„Максимално искористен простор. Бидејќи сум на приземје уживам во погледот кон зеленилото, одлично партерно уредување. За моите внучиња ќе биде идеална средина за играње, градинка и училиште. Едноставно се е добро смислено, блиску ни е сѐ.“
Жане
,
„Одличен голем стан. Прекрасно избрани детали и првокласни материјали. Модерни плочки и санитарии. Стан од Elena Luka Home е совршен избор за четиричлено семејство. Им го препорачувам на сите млади родители.“
Милан
,
„Практичен, можам да бирам какво парно сакам, има три лифта, никогаш не чекам. Имам обезбеден паркинг и одличен пристап до него.“
Горан
,
„Мојата работа а и работата на моето момче се поврзани со интернет. Оптичката инсталација ни ги реши проблемите. Видеофонијата е прекрасна, знаеме понекогаш да се шегуваме со гостите. ;). Често патуваме надвор од земјата а железничката и автобуската ни се на чекор. За малку ќе ја заборавев панорамата, цело Скопје ни е на дланка.“