18
Sep

Дизајн на ентериер во Скандинавски стил

Кога станува збор за популарните стилови на дизајн, минималистичкиот стил е еден од најспоменуваните. Сепак постои еден стил кој е пријатен, чист и се чини дека никогаш нема да излезе од мода. Скандинавскиот стил на дизајн на ентериер се карактеризира со комбинации на текстури, многу контрасти и нежни нијанси. Поради тоа, каде и да е употребен овој стил на уредување, се чувствува една топлина и удобност во просторот.

Small-living-room-decorating-idea-in-Scandinavian-style

Скандинавскиот стил е познат по впечатливиот модерен мебел, топли ноти и минималистичка палета на бои. Дизајнот обично се комбинира со природната светлина. Многу важни за Скандинавскиот стил се силните контрасти. Во бела соба, како би се создал силен впечаток, се користи модерен мебел во темни бои.

Scandinavian-living-room-ideas-8

Шарената уметност ретко може да се најде кај Скандинавски уредениот простор, но кога тоа е случај, обично е проследена со графичка мултипликација.

Screenshot_1

Во трпезариите мебелот е едноставен, може да се искористат средновековни столчиња и некои едноставни свеќници.

wood-dowel-chairs

Webp.net-resizeimage-3

Кога станува збор за дневните простории, кај Скандинавскиот стил карактеристично е тоа што каминот е поставен во еден агол од собата. Околу каминот е поставен мебел по точно одреден редослед. Малите столчиња се поблиску до каминот, додека останатиот мебел е сконцентриран во средина на собата. Како би ја направиле собата да изгледа сончево и светло, без употреба на јаки и светли бои, се користат топли дрвени тонови.

home-design

Scandinavian-living-room-with-gallery-wall-collection

Screenshot_3