24
Jul

Добро расположение во домот

[stm_post_info]

Дали сте знаеле дека вашиот дом може да допринесе на секојдневниот стрес? Вистината е дека уредувањето на домот може да има огромно, научно докажано влијание на вашето секојдневно расположение.

За среќа, уредувањето на домот кој носи добро расположение е многу полесно отколку што замислувате. Применете неколку или сите овие совети и ќе ја забележите разликата!

Овозможете му природна светлина на домот

Природната светлина може да има силно влијание на расположението во текот на денот. Истражувањата сугерираат дека сончевата светлина која поминува низ прозорците може да го подигне нивото на серотонин – хормонот на среќа кој помага во борбата против депресија и го подига расположението.

Заменете ги тешките драперии и густи завеси со некои лесни и проѕирни, додадете рефлектирачки површини и огледала. Погрижете се прозорците постојано да бидат чисти.

Украсете го домот со растенија

Природата има уште една „алатка“ за подигнување на расположението – растенијата. Зеленилото, освен што ги инспирираше Пантон за боја на годината, на повеќе начини допринесува за подобро расположение.

Не само што го прочистуваат воздухот кој го дишете секој ден, растенијата исто така можат да направат да се чувствувате мирни и да ја подобрите концентрацијата. Ако ве загрижува одржувањето, постојат многу опции при изборот на растенија на кои им треба минимална грижа, како што се сукулентите и воздушните растенија.

Внесете боја

Боите кои ќе ги одберете за вашиот дом влијаат на тоа како се чувствувате додека сте во него. Доажано е дека одредени бои смируваат и опуштаат, некои истоштуваат, а некои даваат енергија.

Кога планирате реновирање, размислете како сакате да се чувствувате кога сте во него. На пример, смирувачките неутрални бои се идеални за спална соба, а храбрите и животински тонови имаат тенденција да бидат одлични за вашиот работен простор. Имајте на ум дека начинот на кој се доживува бојата е субјективен па обрнете внимание и на вашите сопствени потреби.

Исчистете го нередот

Го знаете ли чувството кога ќе дојдете дома после долг работен ден и ќе наидете на куп работи… насекаде? Истраживајќи откриено е дека што повеќе предмети имаме во нашето видно поле, толку потешко се фокусираме, а тоа доведува до стрес.

Затоа, земете ја за пример популарната минималистичка естетика и поедноставете го вашиот простор. Ослободувајте по еден мал дел од просторот дневно, како на пример работната маса или фиоките. Тоа нема да биде толку стресно како комплетно средување во еден ден.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]