Минималистички уреден стан со дрвен декор
За еден простор да има печат и да изгледа кохезивен, потребен е лајтмотив кој ќе се провлекува низ приказната на тој простор. Овој стан од предградието на Мелбурн за свој лајтмотив го има дрвото – природен материјал кој му дава топлина на домот и без премногу декорација.
Ѕидовите се обложени со дрвени облоги кои внимателно се избалансирани со другите природни материјали.
Во бањата топлите дрвени тонови се контраст со округлата када и лавабото од Карара мермер. Во дневната соба, ленените завеси се тие кои ја омекнуваат „атмосферата“.
Севкупно, минималистичката естетика во комбинација со топлите и природни материјали се клучни во создавањето на модерен и топол.
Во кујната дрвените панели се деконструирани како рачки од масивно дрво на кујнските елементи кои одговараат со фурнирот.
Овој стол од ратан дава рустична нота на минималистички уредениот стан.
Дневната соба е осветлена со ленени завеси, а белата ламба придонесува кон смиреноста и удобноста на просторот.