23
Feb

Trend Alert: Заоблени форми во мебелот и декоративните елементи

[stm_post_info]

Во последно време голем хит во внатрешното уредување се мебелот и декоративните елементи со заоблени форми. Сигурно сте забележе на многу Инстаграм постови за внатрешно уредување со нив. Тоа е затоа што има некоја неодолива привлечност во овие елементи со заоблена форма кои му даваат уникатен карактер на просторот (а, омилени се и на нашите архитекти).


Но, овој тренд не е нов. Мебелот и декоративните елементи со заоблена форма биле присутни во сите домови во 60-те години, а сега повторно се враќаат на сцената затоа што изгледаат убаво во просторот, му даваат посебен шмек и придонесуваат кон опуштена атмосфера во домот.

Присуството на заоблените форми и даваат топлина на собата, а мебелот со ваква форма е далеку попрактичен од оној со остри агли заради искористеноста на просторот. 

Со правилно распоредување на облините може значително да ја зголемите естетската вредност на собата и да го поврзете просторот. А еве и како.

Доколку немате голема самодоверба кога се работи за внатрешното уредување, можете суптилно да го внесете овој тренд во Вашиот дом преку неколку детали. Може да ставите заоблени кафе масички или ламба. Доколку сте во можност, ставете и тепих со заоблена и необична форма кој ќе го отсликува Вашиот карактер.

Не се плашете од бојата – така уште повеќе ќе се истакнат овие детали. На пример, една фотелја во тиркизна или розева боја или мали декоративни предмети во црвена боја.

Плочките со заоблени форми можат одлично да го разбијат мебелот со прави линии. Тоа е прекрасна комбинација на храбри (мажествени) и убави (женствени) форми. Ефектот можете да го забележите најмногу во бањата. Иако во последно време хит се целосно белите бањи, сепак може да внесете малку боја и динамичност со малку поинаква форма на плочки.

Долгите кривини го привлекуваат вниманието, а прават просторот да изгледа поголем (за разлика од правите линии). Тие се секогаш во фокусот на собата, а окото прво ја здогледува оваа пријатна форма. Зоблените софи се во центарот на вниманието овој период и еден од најдобрите начини да го внесете овој тренд во Вашиот дом. Еве и неколку совети за тоа како да го стилизирате ова парче мебел:

Не го потпирајте до ѕидот, оставете нека се гледа и позадината на софата;
Доколку е една софа, ставете ја спротивно од телевизорот и а од двете страни ставете по една фотелја или стол како акцент;
Ако имате поголема соба и може да ставите две софи, поставете ги во центарот на собата, една спроти друга;
Повторувајте ги формите. Ако имате заоблена софа, тогаш треба да имате и заоблена кафе масичка.

Нема ништо поубаво од тоа да го уредувате Вашиот нов дом. Нашите објекти Ви нудат простор кој е максимално искористен, а нашите искусни архитекти можат да Ви помогнат да го направите тој простор Ваш дом – по Ваш терк.
За повеќе информации контактирајте нè на 📱071415094, ☎️ 023103816 или 📧 contact@elenalukahome.com

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]