05
Apr

Роберто Кавали со новитети на претстојниот саем во Милано

[stm_post_info]

Претстоечкиот „Salone del Mobile“, интернационалниот Саем за мебел во Милано, ќе биде место каде што Роберто Кавали ќе ги открие своите новитети за уредување во домот.

luksuz-namestaj-dizajn-roberto-cavali (11)

 

Како дел од новата Лукс колекција, овој бренд кој е модна икона во светот на мебелот и аксесоарите, ќе ги претстави своите идеални декорации, со црна база и зелени нијанси, што би можело да биде нов тренд кога зборуваме за луксузните комбинации.

luksuz-namestaj-dizajn-roberto-cavali (9)

luksuz-namestaj-dizajn-roberto-cavali (8)

Иновациите на овој бренд вклучуваат нови различни композиции и завршни детали, нови трпезарии, спални соби и три нови луксузни концепти на дневни соби. Истотака, тука е и преубавата колекција од мебел за екстериер која ќе биде претставена во Милано, како олицетворение на духот на зимската градина, а сигурно сме дека ќе го инспирира секој кој ќе ја здогледа.

luksuz-namestaj-dizajn-roberto-cavali (7)

luksuz-namestaj-dizajn-roberto-cavali (6)

Интернационалниот Саем за мебел во Милано се смета за глобален бенчмарк во секторот на уредување на домот, затоа ви предлагаме обврзно да го посетите ако сте во Италија во периодот помеѓу 12 и 17-ти април.

luksuz-namestaj-dizajn-roberto-cavali (5)

luksuz-namestaj-dizajn-roberto-cavali (4)

Многу брендови ја прифатија новата типологија за своите креации, која е базирана на синтеза на линеарни производи, со декоративни детали, ексклузивни завршни допири и нежни материјали, а сето тоа ќе можете да го видите во Милано.

luksuz-namestaj-dizajn-roberto-cavali (2)

 

luksuz-namestaj-dizajn-roberto-cavali (1)

Борбонезе, Фенди, Фере, Унгаро и Версаче се само некои од големите имиња кои ќе учествуваат на ова случување, кои без сомнеж ќе остават  своја трага на иднината на трендовите и стиловите при уредување на домот.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]