Идилична вила за незаборавни зимски празници
Денес ви го презентираме најновото остварување на реномираното архитектонско студио Mc Call Design & Planing. Креативниот тим на ова студио успеал да концепира преубава вила инспирирана од природата, која, при реализацијата, во целост е адаптирана на нејзиното опкружување. Тие за изградба на објектот користеле природни материјали: метал, бетон, дрво и стакло. Вилата е сместена на карпа, а мали делови од карпата се дел од самиот ентериер на истата. Големите стаклени површини овозможуваат прекрасни пејзажни глетки кон боровата шума од една страна и големото водено пространство на Езерото Пеиет од друга страна.
Станува збор за луксузна градба чија внатрешност е опремена со внимателно избран еко-мебел кој го следат едноставни линии, убави детали, преубав камин и голем клавир сместени во дневната соба, како и многу расветни тела кои го надополнуваат амбиентот. Во склоп на вилата, има и целосно опремена фитнес соба.
Вилата е дел од резортот McCall кој се наоѓа во Ајдахо, северозападен дел на Америка.